AloKafana
Последно ажурирано: 2 септември 2026
Имињата, адресите, телефонските броеви, работното време, оценките и фотографиите доаѓаат од податоците на Google Maps. Ние ги средуваме и ги вградуваме во апликацијата за да работи и офлајн.
Пишете ни на alokafana.contact@gmail.com со името и, ако можете, адресата. Исправките се применуваат при следното освежување на листата.
Линковите до фотографиите од Google истекуваат по неколку месеци. Кога ќе истече линкот прикажуваме резервна слика додека листата не се освежи. Работиме на тоа сами да ги хостираме фотографиите за да престане ова.
Тоа е колку локалот обично е полн во овој час од овој ден во неделата, според историски податоци — не е моментален број на гости. Се мери според најпрометниот час на самиот локал, па мирна маалска кафана се споредува со себе, а не со голем ресторан.
Се користи објавеното работно време, вклучувајќи ги и локалите што работат по полноќ. Објавеното време може да биде застарено, а празниците не се земени предвид — ако е важно, јавете се однапред. Копчето за јавување е тука.
Не. AloKafana работи целосно без сметка и нема регистрација.
Да. Листата на локали е зачувана на вашиот уред. За фотографиите е потребен интернет.
Поставки → Јазик, што ја отвора страницата на апликацијата во поставките на iOS. AloKafana е достапна на македонски и англиски.
Објавување настани — жива музика, среќен час — е планирано за наредна верзија.